Thursday, Apr 25, 2024
HomeСТУДЕНТУМ100-те најдобри студенти ќе ги вработува државата

100-те најдобри студенти ќе ги вработува државата

Министерството за информатичко општество и администрација најави дека од следната година ќе објавува конкурс за вработување на најдобрите 100 студенти кои завршиле во прв или втор циклус на државните универзитети со цел да се привлече квалитетен кадар во јавните институции.

timco mucinski

„Секоја година, во август, Владата ќе објавува оглас за вработување на сто најдобри студенти, на кој ќе можат да се пријават сите заинтересирани кандидати кои во тековната година имаат завршено универзитетски студии и студиски програми кои се реализираат интегрирано низ првиот и вториот циклус на студии. Стоте работни места ќе бидат распределени на петте најдобри јавни универзитети во Република Македонија, според последно објавената официјална ранг-листа на високообразовни установи во Република Македонија”, изјави заменик министерот Тимчо Муцунски.

При селекцијата на кандидатите ќе се оценуваат просекот на студиите, бројот на положени предмети кај професор кој кој има објавено повеќе од два меѓународни трудови и освоени меѓународни награди кои ќе носат бонус поени.