Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеОд 100 до 400 евра казна ако кучето го шетате без маска на устата

Од 100 до 400 евра казна ако кучето го шетате без маска на устата

Граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини,, ова е апелот кој оштина Аеродром го испраќа до сите сопственици на кучиња се со цел да се зачува животната средина и граѓаните (посебно децата) да се чувствуваат безбедно додека шетаат низ парковите и другите јавни површини.

Според  Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота.шетањето на милениците со маска и собирање на нивниот измет е законска обврска на граѓаните. Општинските комунални служби во придружба на полицијата од денеска, 13.7.2015 година, ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.

За непочитување на одредбите од споменатите закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност