Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСвет(Видео) 10-годишната Џулија спасена откако минала 17 часа под урнатините во Италија

(Видео) 10-годишната Џулија спасена откако минала 17 часа под урнатините во Италија

Видеото од спасувањето на десетгодишната Џулија која беше извлечена од урнатините на италијанскиот град Пескара дел Тронто го обиколи светот. Десетгодишното девојче беше пронајдено 17 часа по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 247 животи и избриша четири града од мапата.

-Жива е!- извикуваат спасувачите на снимката пред да почнат да аплаудираат. Девојчето било изгушкано и префрлено на безбедно.  Неверојатно, но според лекарите, таа немала посериозни физички повреди.

Спасувачките акции траат се уште, а од многу урнатини се слушаат крикови на деца. Локалното население помага и со голи раце ги копа урнатините на тие места.

Земјотресот, кој ја погоди централна Италија, се случи во 3:36 часот наутро во средата и беше со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.