HomeРЕФЛЕКТОРМузика10 лоши песни од големи музички ѕвезди

10 лоши песни од големи музички ѕвезди

Големите музички ѕвезди се познати по нивните големи хитови и богати кариери, меѓутоа во секоја кариера на еден голем уметник може да се забележи по некој „кикс“. Токму поради тоа во продолжение ви ја прикажуваме листата од 10 лоши песни направени од големи музички ѕвезди:

1. U2 – „Discothèque“
У2

Со големо влијание на електронска и диско музика групата U2 во 1997 година го издаде албумот „Pop“, кој е еден од нејзините најмалку продавани албуми. За првата песна од овој албум под назив „Discothèque“, групата во нивното видео се облекува во стилот на диско групата од 1970-тите години „Village People“. Оваа песна многу ретко беше повторно изведувана во живо после завршувањето на турнејата „Popmart“.

2. Weezer – „Beverly Hills“

Иако оваа песна се најде на 10 позиција на листата од најдобри 100 на „Билборд“, сепак темата на оваа нумера беше навистина банална. Оваа песна го претставуваше животот на богатите, односно животот на лицата во најбогатите населби во Лос Анџелес. Оваа песна би можела да биде искористена како песна за „Keeping up with the Kardashians“.

3. R.E.M. – „Stand“
РЕМ

Вториот сингл од деби албумот на групата „R.E.M.“ од 1988 „Green“, под назив „Stand“, означи промена во звукот на овој бенд од лириски мистериозен алтернативен рок во чист поп звук. Видеото за овој сингл има многу сличности со хитот од далечната 1966 година „Macarena“.

4.The Offspring – „Pretty Fly (For A White Guy)“
Офспринг

Иако оваа песна можеби беше популарна, сепак делот во песната во кој се пее дека белите деца кои слушаат рап и се облекуваат така се изгубени алатки е малку бесмислен и елитистички. Сепак на големо изненадување, песната „Pretty Fly (For A White Guy)“ беше рангирана на 53 позиција на топ 100 на листата на „Билборд“.

5. Chris Cornell – „Scream“

Земете го еден од најдобрите рок пејачи на неговата генерација, Крис Корнел, и комбинирајте го со хип-хоп ѕвездата Тимбаленд, резултатот нема да ги задоволи ниту слушателите на рок ниту слушателите на хип-хоп музика. Токму поради тоа и нивната заедничка песна од третиот соло албум на Корнел во 2009 година „Scream“, не помина славно.

6.Kiss – „I Was Made For Loving You”
„Кис“ Портрет

Иако е направена во едно сосема поинакво време, сепак оваа песна вреди да се спомене. Песната беше издадена во 1979 година и се искачи на 11 место на листата на „Билборд“, но за обожавателите на овој рок бенд оваа песна беше многу поразлична од претпознатливиот звук на бендот.

7.Metallica – „The Memory Remains” (featuring Marianne Faithful)

„The Memory Remains” е песна на Металика од албумот „Reload“ од 1997 година, со добар ритам и текст се додека во песната не се појавува вокалот на Маријана Фејтфул. Половина од слушателите ја прекинуваат песната во моментот кога се слуша нејзиниот вокал, а другата половина воопшто не ни знаат која е таа.

8. Red Hot Chili Peppers – „Warped”

„Warped” е првиот сингл на Red Hot Chili Peppers каде како гитарист се појавува Дејв Наваро. Станува збор за хард рок песна во која рифовите многу се повторуваат и текстот е неразбирлив за слушателите. Видеото на винил во кое изведувајќи ја оваа песна членовите на бендот се оскудно облечени во црно ги остава во шок сите обожаватели на оваа популарна група.

9.Green Day – „Warning“

песната „Warning“ всушност го означува почетокот на политичкиот набој во текстовите на Green Day, чија кулминација се случи со албумот „American Idiot“. Во песната постојано се повторува еден ист акорд и звучи како да е снимена и напишана за само 20 минути. Песната не се најде меѓу првите места на ниту една топ листа.

10.Guns N’ Roses – „One In A Million“

„One In A Million“ е песна од Guns N’ Roses која се смета за многу контроверзна поради тоа што во неа можат да се слушнат многу расни и хомофобични навреди. Оваа песна беше само два пати изведена во живо, а во неа можат да се слушнат и расистички навреди упатени кон нивниот гитарист Слеш.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com