HomeДЕНЕШНАРепубликаФотографија од 1902 направена во Велес се чува во Народниот музеј

Фотографија од 1902 направена во Велес се чува во Народниот музеј

slika 1902

Во ризницата на документи на Народниот музеј сочувана е фотографија од 1902 година за која досега се знае само дека е фотографирана во Велес или во околните села. На фотографијата се наоѓаат ликови на 27 граѓани кои тука живееле пред 114 години.

Од нив два лика се на верски лица, пет на мажи, десет на жени, осум на женски деца, еден лик е на машко дете и еден на новороденче. Новороденчето лежи на футата на жена што најверојатно е неговата мајка.

Сликата ја објави порталот Дума кој порача сите кои имаат повеќе информации за оваа фотографија, личностите и ерата во која е направена да ги споделат со јавноста бидејќи се доста важни за историјата на Велес и околината.

Извор: duma.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com