HomeДЕНЕШНАПолитикаСолидарност на Шарената револуција: Заев, Цаноски, Најчевска ги обоија институциите

Солидарност на Шарената револуција: Заев, Цаноски, Најчевска ги обоија институциите

zaev boi

Денешниот протест на Шарената револуција во име на солидарноста. Со балони во различни бои, лидерот на СДСМ Зоран Заев, Радмила Шекеринска и лидерот на партијата за Европска иднина Фиат Цаноски го бојадисаа Министерството за правда. Професорката, Мирјана Најчевска која утрово доби казна од 50 евра за фрлање боја, вечерва катапултираше боја кон Собранието.
najcevska
Претходно, демонстрантите застанаа пред споменикот на Јосип Броз Тито, за да му оддадат почит за Денот на младоста 25 мај, каде положија свежо цвеќе и оставија порака – „За Тито штафета на младоста, за Грујо паштета на гадоста“.
tito
Пред СЈО беше поставен и штанд на кој демонстрантите доброволно потпишуваа изјави со свои лични податоци дека учествувале во „Шарената револуција“ и боењето на институциите. Овие изјави заедно со полномошната за адвокатска помош, ќе бидат доставени во полициската станица „Беко“.

Фото: НоваТв.мк, Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com