HomeДЕНЕШНАРегионИнаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово

Инаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово

hasim taci

На централниот плоштад „Скендер бег“ во Тирана денеска се одржа церемонијата на официјална инаугурација на Хашим Тачи за претседател на Косово. Како што јави Танјуг, церемонијата започна со смотра на почесната единица на гардата на Косовските безбеднони сили, што ја извршија Тачи и досегашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага.

По завршената смотра церемонијата продолжи со чинот на предавање на примерок на Уставот на Косово од страна на Јахјага на Тачи. Целата церемонија на инаугурацијата покрај на албански, беше преведувана и на српски и на албански јазик. Во рамки на церемонијата, на која присуствуваа гости од околу 50 земји од целиот свет, посебна музичка програма изведе Косовската филхармонија.

Меѓу гостите на церемонијата беа и шефот на делегацијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар, хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и албанскиот премиер Еди Рама. Церемонијата мина со засилено полициско обебзедување и без присуство на граѓани. Сите угостителски објекти околу плоштадот, кои вообичаено се полни во овој период од денот, беа целосно празни, поради безбедносни причини.

Инаку, и покрај засиленото полициско присуство и речиси целосната блокада на реонот, непосредно пред почетокот на инаугуарцијата во близина на плоштадот „Скендер бег“ беа фрлени два солзавци. Тачи вчера положи заклетва пред косовскиот Парламент, со што официјално започна да тече неговиот мандат како претседател на Косово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com