HomeРЕФЛЕКТОРФилмДе Ниро пристигнал во Сараево

Де Ниро пристигнал во Сараево

de niro 1

Роберт Де Ниро, најголемата ѕвезда на овогодинешниот Сараевски филмски фестивал, пристигнал во Сараево каде вечерва ќе му биде врачена специјалната награда за животно дело. Во чест на големиот актер од А листата на холивудски ѕвезди вечер во Сараево ќе биде прикажана и обновена верзија од неговиот филм „Таксист“, снимен во 1976 година во режија на Мартин Скорсезе.

De-Niro-f2

Де Ниро според планот и распоредот ќе го помине црвениот тепих пред Народниот театар во Сараево, а на публиката ќе и се поклони во летното кино каде и ќе му биде врачена наградата. Инаку, наградата Почесно срце Сараево за животно дело ќе биде прв пат доделувана оваа година.

Токму Роберт Де Ниро ќе ја има таа чест да ја прими оваа вредна награда за се она што го има направено во текот на својата богата 50-годишна кариера. Во таа прилика, големата актерска ѕвезда ќе може на кратко да и се обрати и на сараевска публика, а дружењето со медиумите и со сите други заинтересирани е планирано за утре.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com