HomeДЕНЕШНАПолитикаЏорџ Сорос не е виновен за уништување на Македонија

Џорџ Сорос не е виновен за уништување на Македонија

Милијардерот и донатор Џорџ Сорос на дебатата за интеграцијата на Ромите во Европа која се одржа во Брисел беше соочен и со прашања дали е виновен за уништувањето на Македонија за кое го обвинуваат провладините поддржувачи.

Џорџ Сорос е главен донатор на Фондацијата отворени општество која освен во Македонија оперира и во повеќе земји од Југоисточна Европа и главната цел и е да ги промовира правата на малцинствата, ширење на слобода на говорот и развој на цивилниот сектор и независните медиуми.

– Немам одговор, не сум посветен на уништување на земјата и не знам како да одговорам, освен да го игнорирам ова, истакна Џорџ Сорос на директното прашање од дописникот на МИА дали учествува во кризата и нередите што во Македонија ја создаваат лица што се на платен список на Иинститутот отворено општество.

Џорџ Сорос повторно беше обвинет за уништување на Македонија преку финансирање на невладини организации кои учествуваат во протестите на опозицијата.

– Се плашам дека веќе одговорив на прашањето од Македонија, бидејќи не сум лично инволвиран во случувањата во Македонија. Фондацијата таму се содржи од македонски управен одбор, македонски вработени и тие се оние што одлучуваат за политиката на Фондацијата и тие треба да одговорат на прашањето, беше дециден Сорос.

Извор: МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com