HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏон Њуман и Калвин Харис имаат нова песна

Џон Њуман и Калвин Харис имаат нова песна

Џон Њуман и Калвин Харис повторно ги здружија силите и направија потенцијален хит. Новата песна „Olé“ има реге ритам и се разликува од претходната работа на уметниците. Станува збор за првата песна која ќе се најде на новиот, трет по ред студиски албум на Џон Њуман кој пристигнува после албумот „Revolve“ од 2015 година.

„Песната е релаксирачка и знам дека Калвин е навистина горд на неа. Изјави дека ова му е најдрагата песна која некогаш ја напишал“, изјави Њуман минатиот месец кога откри дека наскоро пристигнува резултат од нивната нова соработка. Познати уметници го снимиле спотот за оваа песна во Мексико па се очекува наскоро и видео-презентација на оваа песна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com