HomeФЕР ПЛЕЈТенисЏокер слем – Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос

Џокер слем – Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, испиша нови страници во историјата на оваа игра, откако со триумфот на Ролан Гарос комплетираше Грен слем. Српскиот тенисер во финалето на Ролан Гарос го победи Енди Мари 3-6, 6-1, 6-2, 6-4 и го освои единствениот Грен слем кои му недостигаше.

Ѓоковиќ, во неделата во Париз, во своето четврто финале, успеа да стигне до првата титула на овој турнир, вкупно 12-та Грен слем во кариерата. Србинот со овој трофеј стана деветтиот тенисер во историјата кој освоил трофеј на сите четири Грен слем турнири. Ѓоковиќ влезе во одбраното друштво во кое се Федерер, Надал, Емерсон, Лејвер, Пери, Агаси и Баџ.

Ѓоковиќ од неделата е шампион на сите Грен слем турнири и така стана првиот играч во Опен ерата кој направил ваков подвиг, односно тенисер кој го комплетираше ткн. „Џокер слем“.

Ѓоковиќ со победата во финалето води против Мари во меѓусебните дуели со 24-10 и ја запиша 13-та победа во последните 15 меѓусебни дуели. Светскоиот број 1, во финалето на Ролан Гарос, титулата ја освои на брилијантен начин го загуби првиот сет, но потоа во наредните три сета целосно го скрши својот противник.

Отвореното првенство на Франција се играше за награден фонд од 32 милиони евра, а Ѓоковиќ освои два милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com