HomeДЕНЕШНАСветЏихадистите соборија руски хеликоптер во Сирија, пилотите мртви

Џихадистите соборија руски хеликоптер во Сирија, пилотите мртви

Руски воени пилоти инструктори загинале во петокот во Сирија за време на прелет во областа на градот Палмира, објави вчера руското министерство за одбрана.

Повикувајќи се на соопштението на министерството за одбрана, агенцијата ТАСС пренесува дека двајцата руски воени пилоти инструктори вршеле прелет со сириски борбен хеликоптер од типот „Ми-25“, кој е извозна верзија на хеликоптерот „Ми-24“, со муниција во сириската провинција Хомс. Истовремено, поисточно крај Палмира, поголема единица на џихадистичката организација Исламска држава ги нападнала позициите на сириските владини сили пробивајќи ја нивната одбрана и брзо напредувајќи подлабоко во областа, заканувајќи се да заземат повисоки позиции.

„Истрошувајќи ја муницијата, при свртување во спротивната насока, со оган од земјата хеликоптерот е погоден од терористите и паднал во област којашто ја контролираат сириските владини сили. Екипажот загина“, се наведува во цитираното соопштени.

Се додава дека во областа немало сириски трупи кои ќе го спречеле продорот на џихадистите, поради што сириската команда побарала поддршка од хеликоптерот, а командантот на летот Рафагат Хабибулин решил да ги нападне бунтовниците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com