HomeДЕНЕШНАСветЏихадистите се обидуваат да се уфрлат во германската армија

Џихадистите се обидуваат да се уфрлат во германската армија

Постојат индиции дека исламисти се обидуваат да се приклучат во германската војска, со цел да се здобијат со воена обука и да ја искористат за напади во Германија и странство, пишува весникот „Велт ам зонтаг“.

Поради тоа, вооружените сили бараат безбедносни проверки на регрутите од страна на контра-разузнавачките агенции почнувајќи од јули следната година, со цел побрзо да се откријат евентуални екстремисти, терористи и криминалци, пишува весникот.

За таква безбедносна проверка ќе бидат потребни измени во законите кои се однесуваат на војската, а во предлог-документите, со кои се оправдуваат овие измени, се наведува дека постојат индиции дека исламисти се обидуваат да им се приклучат на вооружените сили поради обука.

Според весникот, кој се повикува на безбедносни извори, германската Влада се подготвува следната недела да одобри измени во законите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com