HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЏеси Џеј не ја украла својата најпопуларна песна

Џеси Џеј не ја украла својата најпопуларна песна

Одбраната на британската поп пејачка Џеси Џеј го убедила Апелациониот суд во САД дека тврдењето на еден калифорниски текстописец околу кражбата на нејзиниот хит од 2011 година „Домино“ е невистинита. Деветиот апелационен суд во САД наведува дека калифорнискиот музичар Вил Лумис не докажал дека Џеси Џеј, Др Лук, Мек Мартин и другите писатели на нумерата „Домино“ имале пристап до неговата песна од 2008 година, „Bright Red Chords“, како и тоа дека неговата авторска права не се повредени.

Лумис тврди дека со својот бенд „Loomis & The Lust“ испратил копија од песната на еден од извршните продуценти на компанијата „Vivendi SA’s Universal Music Group“, кој требало да ја пласира неговата музика и на тај начин нумерата можела да дојде до авторот на песната „Домино“.

Калифорнискиот суд, меѓутоа, на чело со судијата Ричард Клифтон, наведува дека Лумис немал доволно докази за случајот воопшто да го доведе на суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com