HomeАНТИСТРЕСШтосноЏенифер Анинстон е најубавата жена за 2016 според People магазинот

Џенифер Анинстон е најубавата жена за 2016 според People магазинот

Џенифер Анистон

Магазинот ја прогласи славната холивудска актерка за најубавата жена на светот за оваа година. Анинстон признала дека била премногу возбудена кога слушнала за „титулата“ и дека имала „тинејџерски момент“. 47- годишната актерка која зад себе има бројни филмски остварувања меѓу кои е и Рејчел од „Пријатели“ изјавила дека најдобро се чувствува кога е здрава и силна.

-Смешно е што навистина е брз преодот од моментите кога не ти е грижа, а сега одеднаш мора да бидеш свесен за тоа што ставаш во своето тело. Како спиеш и како се грижиш за себе. Во 20-тите години можеш да се извлечеш со многу нешта“ – изјавила таа и додала дека сега се труди да вежба шест пати неделно и да внимава на својата исхрана.

На прашањето како ја дефинира убавината, Анистон одговорила: „Внатрешна самодоверба. Мир. Добрина. Искреност. Добро изживеан живот“.

Меѓу најубавите жени на светот според People се и Сандра Булок беше избрана за најубава личност, а во претходните години истата титула им припаѓаше на Лупита Нионго (2014), Гвинет Палтроу (2013), Бијонсе (2012) и Џенифер Лопез (2011).Џенифер Анистон

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com