HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЏака официјално нов фудбалер на Арсенал

Џака официјално нов фудбалер на Арсенал

Швајцарскиот репрезентативец Грани Џака е првото засилување на Арсенал за следната сезона. „Топџиите“ им исплатиле на Борусија Менхенгладбах околу 33 милиони евра, шпекулираат англиските медиуми. Џака има 23 години, изминатите четири сезони ги помина во Бундеслигата, а како играч се изгради во родниот град Базел.

„Џака е интересен млад фудбалер, веќе има големо искуство од Бундес лигата и Лигата на шампионите. Долго време го следевме, тој ќе допринесе за подобрување на квалитетот на нашата екипа. Се радуваме на неговото доаѓање во Арсенал и му посакуваме успех на Европското првенство“, изјави тренерот на Арсенал Арсен Венгер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com