HomeДЕНЕШНАСкопјеЌе се мотивира комбиниран превоз со држачи на велосипеди на ЈСП

Ќе се мотивира комбиниран превоз со држачи на велосипеди на ЈСП

Со држачи за велосипеди на автобусите на ЈСП може значително да се мотивира алтернативниот вид на превоз за граѓаните кои живеат на поодалечени локации во градот и често користат градски превоз.

Ова прашање го покрена граѓанската иницијатива „На точак“, а ЈСП минатиот месец се обврза дека ќе го спроведе овој проект. Со тоа на граѓаните ќе им се овозможи да го комбинираат јавниот превоз и велосипедот како превозно сретство. Тоа е пракса во голем број земји од светот и би било доста практично доколку се воведе и кај нас.

Сега е во процес изработка на упатство за користење на држачите, а се предивдува дека користењето на држачите за велосипеди не би се наплаќало. На крајот ќе се спроведе кампања за популаризирање на проектот и подигање на свеста кај луѓето за користење на комбиниран јавен превоз.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com