HomeДЕНЕШНАСветЌе ги казнува ли Трамп жените кои абортираат ако дојде на власт?

Ќе ги казнува ли Трамп жените кои абортираат ако дојде на власт?

Трамп неодамна изјави дека треба да се казнуваат жените кои ќе се одлучат да абортираат. Неговата изјава во јавноста предизвика бурни реакции, по што кандидатот реши да ја повлече и изјави дека законот за аботрус треба да остане таков каков што е .

-„Законите за абортусот се тука и такви треба да останат се додека не дојде до нивна промена, рече милијардерот на НБС телевизијата. Тој сепак додаде, подоцна во интервјуто, дека се согласува со тврдењето дека абортусот е убиство“.

Во неговото второ соопштение Трамп изјави дека неговаа намера не е да ги казнува жените, туку лекарие кои ќе го извшат абортусот.

Портпаролката на неговата кампања демантираше дека Трамп ја повлекол изјавата:

-„Г-дин Трамп даде прецизно објаснување за законот таков каков што е денес и јасно рече дека тој треба да остане таков – се додека тој не стане претседател, рече таа и додаде дека тој ќе го смени законот и ќе им дозволи на државите да ги штитат децата што треба да се родат.

Абортусот во САД е дозволен од 1973 година со историска одлука на Врховниот суд. Околу оваа тема постојано се води дебата помеѓу приврзаниците на законот и неговите противници. И овој пат изјавата на Трамп предизвика реакции кај приврзаниците на законот помеѓу кои и демократската кандидатка Хилари Клинтон.


Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com