HomeАНТИСТРЕСШтосноЌерка ги тужи своите родители поради фотографии на „Фејсбук“

Ќерка ги тужи своите родители поради фотографии на „Фејсбук“

Една Австријанка ги тужи своите родители бидејќи на „Фејсбук“ објавиле нејзини фотографии од детството. Оваа 18-годишна ученичка од австриската покраина Корушка се изнервирала бидејќи од 2009 година нејзините родиле објавиле повеќе од 500 фотографии на „Фејсбук“ од нејзиното детство.

„Иако тогаш имав 11 години, тие објавија и фотографии од кога бев бебе. Не се засрамија и немаа никаква граница. Дали се наоѓам во тоалет или гола во креветчето, секој мој чекор е фотографиран и објавен“, критикуваше девојката. Покрај тоа, вели дека нејзините родители никогаш не ја прашале дали се согласува со тоа.

„За жал тие слики ги открив на 14 години кога направив сопствен „Фејсбук“ профил“, објасни таа, додавајќи дека нејзините родители тогаш имале веќе 700 пријатели, кои секојдневно можеле да ги гледат сликите од нејзиното рано детство. Кога побарала од своите родители да ги избришат тие 500 објавени фотографии, тие се спротиставиле.

Токму од таа причина, како што вели таа, немала друга можност туку да ги тужи своите родители, на кои сега им се заканува казна од 3.000 и 10.000 евра поради кршење на законот за заштита на лични податоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com