HomeДЕНЕШНАРегионЊујорк тајмс: Како Косово стана плодно тло за џихадизмот

Њујорк тајмс: Како Косово стана плодно тло за џихадизмот

Повеќе од десет години, користејќи ја мрежата на добротворни организации преку радикални имами, Саудиска Арабија и други земји од Заливот го шират вехабизмот на Косово преку градење нови џамии, внесување страв и регрутирање млади за борби во Сирија на страната на џихадистите, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Џамиите, кои на Косово се изградени од парите, кои ги донирала Саудиска Арабија, ги посетуваат луѓето кои шират вехабизам, конзервативна идеологија, која доминира во Саудиска Арабија, се наведува во текстот на Карлота Гал, објавен во весникот.

„Откако Белград во 1999 година по интервенцијата на НАТО ја загуби контролата на Косово, под мониторинг на американските претставници, парите и влијанието на Саудиска Арабија во голема мера ја промени оваа некогаш толерантна муслиманска заедница“, се вели во текстот.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Косово сега како и остатокот од Европа се брани од заканите на исламистите и во изминатите две години полицијата идетификувала 314 граѓани на Косово, вклучувајќи и двајца бомбаши-самоубијци, 44 жени и 28 деца, кои исчезнале, а постои сомнение дека џихадистите ги киднапирале и ги приклучиле кон нивните групации.

Децата биле регрутирани, како што наведуваат косовските иследници од екстремистички свештеници и таинствени здруженија, кои ги финансира Саудиска Арабија и останатите конзервативни земји во регионот, користејќи скриени мрежи на донации од добротворните организации.

„Тие промовираа политички ислам. Потрошиле доста пари за да промовираат поинакви програми претежно од млади луѓе, така што донесоа своја литература“, вели Фатос Маколи, директор на Косовската антитерористичка служба.

„Нема докази дека која било огранизација им дала пари директно на луѓето да одат во Сирија“, вели Маколи и додава дека се поддржани луѓе, кои промовираат насилство и џихад, а тврдат дека го штитат исламот.

По две години истрага полицијата обвинила 67 лица, упасила 14 имами и згаснала 19 организации, кои работат противуставно, поттикнувајќи омраза и промовирајќи тероризам, пишува весникот, оценувајќи дека тоа е голем пресврт за Косово, кое има 1,8 милиони жители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com