HomeАНТИСТРЕСГурманЉубов на прв залак: Чоколаден колач со бисквити и банана

Љубов на прв залак: Чоколаден колач со бисквити и банана

Брзо, лесно и вкусно, овој колач од едноставни состојки е погоден за секоја пригода.

Потребни состојки:
* 150 гр. бисквити или пишкоти
* 2 пудинга од чоколадо
* 2 банани
* 250g маргарин
* 2 крем шлаг од ванила
* 9 дц. млеко
*120 гр. шеќер

cokoladen kolac2

Начин на подготовка:
Во мал сад ставете 5 децилитри млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие. Во посебен сад, изматете 1 децилитар млеко со пудингот од чоколада и добро измешајте. Оваа смеса ставете ја во онаа што се вари и со непрестајно мешање варете додека не згусне. Во оладениот пудинг додадете го омекнатиот маргарин и измешајте го со миксер.

Исечете ги бананите на кругови и искршете ги бисквитите. Подготвените состојки додадете ги во филот од чоколадо и полека измешајте ги. Земете длабока тепсија и испрскајте ја со вода и во неа ставете ја готовата смеса за колачот. Израмнете и оставете да се зацврсти. Крем шлагот од ванила изматете го со преостанатото млеко и премачкајте преку филот.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com