HomeДЕНЕШНАПолитикаЉубе Бошкоски подготвен за изборите, со кого ќе коалицира?

Љубе Бошкоски подготвен за изборите, со кого ќе коалицира?

Љубе Бошкоски е подготвен за претстојните избори. Лидерот на политичката партија „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, пред судењето за случајот „Ровер“ изјави дека се подготвени за парламентарните избори и дека наскоро ќе заземат јасен став за понатамошните чекори на партијата.

„Најверојатно до крајот на овој месец имаме Централно собрание на кое ќе заземеме јасен став за понатамошните чекори околу идни коалиции, блокови. Спремни сме и ги очекуваме праламентарните предвремени избори“, изјави Бошкоски. Тој повтори дека за случајот „Ровер“, односно за неговата наводна вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, очекува ослободителна пресуда.

„Од судењето очекувам, како и од самиот почеток, ослободителна пресуда иако е сега почеток во овој трет круг на дантевиот пекол“, рече Бошкоски. Ова е трето судење за случјаот „Ровер“, откако Апелациниот суд два пати ја врати на повторно одлучување провстепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.

Бошкоски како поранешен министер за внатрешни работи беше осуден на затворска казна од 12 години, но пресудата беше укината и неговата казна беше намалена на 10 години. И оваа пресуда ја укина Апелациониот суд и судењето за овој случај треба да почне по третпат, но постојано се одложува. Апелациониот суд го укина притворот и за сите обвинети и сите се бранат од слобода. На ова судско рочиште не беше присутен обвинетиот, Ивица Ристиќ кој во неделата бил примен во болница во Куманово.

Бошкоски пред извесно време излезе од затвор откако ја одлежа петгодишната затворска казна за случајот „Кампања“, за кој првично беше осуден на седум години затвор, но Апелација ја намали казната на пет години. За овој случај беше уапсен по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во јуни 2011 година.

Неговата партија учествуваше на тогашните избори, а на изброната кампања упати остри критики кон тогашната власт, која повторно освои најмногу гласови. Беше уапсен за нелегално финансирање на изборната кампања. Предвремените парламентарни избори во Македонија се закажани за на 11 декември, поред договорот на политичките партии и со овие избори се очекува да биде надмината политичката криза.

Макфакс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com