HomeАНТИСТРЕСЖурки„ЈУ Група“ на отворањето на десетото по ред јубилејно издание на Штипската пастрмајлијада (ГАЛЕРИЈА)

„ЈУ Група“ на отворањето на десетото по ред јубилејно издание на Штипската пастрмајлијада (ГАЛЕРИЈА)

Синоќа започна десетото по ред јубилејно издание на Штипската пастрмајлијада. Оваа година Штипската пастрмајлијада се одржува на различна локација, поточно на локацијата „Дујле“ каде пред некој ден заврши конструкцијата на новиот кружен тек. Вчера точно во 19 часот започна манифестацијата за отворањето на ова јубилејно издание со традиционалното претставување на џиновската пастрмајлија.

3

4

Одлична атмосфера, илјадници посетители, стара штипска пастрамајлија која е и заштитен знак на овој град, беше дел од вчерашната атмосфера во Штип, а за целата таа атмосфера да биде уште подобра се погрижија и неколку наши изведувачи како и српската рок „ЈУ група“ како главни ѕвезди на оваа прва вечер.

5

6

Добро познатите македонски изведувачи Ристо Самарџиев, Александра Јанева, Момо Николовски ја подгреваа атмосферата за на крај да настапат главните ѕвезда на вечерта, српската легендарна рок група од минатиот век која е многу попозната за постарите генерации кои синоќа во голем број излегоа на штипските улици за да ги видат своите идоли од младоста.

2

Вечерва меѓу другите се очекува и настапот на „Рибља Чорба“, а во недела на последната вечер од овогодинешното јубилејно издание на Штипската пастрмајлијад се очекува настапот на легендата на балканските простори Здравко Чолиќ.

Автор: Михаило Донев

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com