HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед чека, Мурињо преговара со уште еден голем клуб

Јунајтед чека, Мурињо преговара со уште еден голем клуб

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Португалецот Жосе Мурињо преговара и со францускиот клуб Парис Сен Жермен. Според информациите на Островот, Мурињо на крајот од оваа сезона сепак нема да го замени Луј Ван Гал, туку ќе превземе друг клуб. Мурињо наводно веќе имал разговори со управата на Јунајтед околу превземање на „црвените ѓаволи“ на крајот на оваа сезона. Меѓутоа, британските медиуми пренесуваат дека од Јунајтед се уште не се сигурни дали сакаат Холанѓанецот да замине или да ја одработи и последната сезона во клубот.

Манчестер Јунајтед наредната сезона нема да настапува во Лигата на шампионите, а лошата сезона сепак би можел да ја заврши со една титула, бидејќи ќе игра во финалето на ФА Купот против Кристал Палас. Ова Финале би можело да биде одлучувачко за тоа дали на Ван Гал ќе му биде дадена последна шанса или ќе добие отказ. Од друга страна пак, Мурињо не може повеќе да чека и веќе започнал разговори околу негово превземање на Парис Сен Жермен, а договорот е наводно многу блиску.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com