HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед ослабен во дербито?

Јунајтед ослабен во дербито?

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити го играат градското дерби на 10 септември, а прашање е дали Жозе Мурињо ќе ги има сите фудбалери на располагање. Репрезентативната пауза никако не е добра за клубовите. Во прилог на оваа констатација зборува и повредата на Хенрик Михтарјан кој сега е под голем знак прашање за следниот натпревар против Манчестер Сити кој ќе се одигра на 10 септември.

Михтарјан се повреди во натпреварот против Чешката репрезентација, па така беше принуден да го напушти теренот уште во првото полувреме. Станува збор за повреда на коленото, а проценките се дека ќе отсуствува околу 10 дена и токму поради тоа е неизвесен кога е ова дерби во прашање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com