HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед нуди 50 милиони евра за младиот напаѓач на Јувентус

Јунајтед нуди 50 милиони евра за младиот напаѓач на Јувентус

Манчестер Јунајтед е подготвен да потроши сума од 50 милиони евра за трансфер на младиот напаѓач на Јувентус Алваро Мората, пренесуваат медиумите во Италија. Мората ова лето ќе биде во центарот на вниманието на трансфер пазарот, бидејќи неколку клубови го посакуваат во своите редови. Реал Мадрид сака да ја активира клаузулата и да го врати во Мадрид, но за тоа е потребно да се согласи и самиот Мората, додека Манчестер Јунјтед во трката за неговиот потпис им се приклучи на Арсенал и Борусија Дортмунд.

Тој нешто порано изјави дека сака да остане во редовите на италијанскиот шампион и дека за тоа ќе преговара после завршувањето на сезоната. Шпанскиот напаѓач во 2014 година пристигна во клубот од Торино, каде за Јувентус до сега одигра 91 натрпевар при тоа постигнувајќи 26 погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com