HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈунајтед го договори второто засилување?!

Јунајтед го договори второто засилување?!

Како што пренесува „Sky Sport“, Манчестер Јунајтед го договори второто засилување за следната сезона, односно фудбалерот на Борусија Дортмунд Хенрих Михтарјан во трансфер вреден 32 милиони евра од следната сезона ќе биде нов член на „Црвените ѓаволи“.

Ерменскиот офанзивен везист ги договорил личните услови со великанот од „Олд Трафорд“ и до крајот на оваа недела би требало да ги помине и медицинските прегледи. Борусија беше прунудена да се откаже од еден од своите клучни фудбалери, бидејќи Михтарјан одби да го продолжи договорот кој му истекува следната година.

Михтарјан

Михтарјан три сезони го носеше дресот на „милионерите“, а постигна 40 погодоци на 136 натпревари од доаѓањето од украинскиот клуб Шахтјор. Претходно играше за градскиот ривал „руда“ од Доњецк Металург, а кариерата ја започна во Пјуник во 2006 година.

Се очекува веднаш после Михтарјан Мурињо на „Олд Трафорд“ да го доведе и Златан Ибрахимовиќ, а англиските медиуми најавуваат дека Јунајтед може да направи уште еден трансфер од Германија, односно да го доведе крилниот напаѓач на Волфзбург Дракслер за 30 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com