HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈуве формираше две страшни екипи, можат ли до европскиот трон?

Јуве формираше две страшни екипи, можат ли до европскиот трон?

Долгата клуп е честа добар предуслов за екипата да се бори за поголем број на титули. Може ли Јувентус оваа година до тројната круна? Првиот и вториот состав на Јуве оваа сезона се исклучително моќни. Многу коментираат дека „Старата Дама“ и со вториот тим без поголеми проблеми би ја освоиле италијанската лига. Одработија солидна работа во изминатиот трансфер период, пристигнаа стопер, десен бек, централен везен и напаѓач, а заминаа Погба и Мората.

Многумина сметаат дека со Пјаниќ и Игуаин се уште посилни, а да не заборавиме дека како опции на клупата ги имаат и Бенатија, Квардадо Пјаца и други звучни имиња. Многумина го очекуваа Аксел Витсел во последниот ден од трансфер периодот, но тој трансфер сепак не се реализираше.

Првиот и вториот тим на Јуве навистина изгледаат фантастично, доволно е да ги погледнете овие две постави и се ќе ви стане јасно.

Кој тим би победил во овој дуел?

crwbixzwcaalqef498177020160902150735

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com