HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈувентус се откажа, Милан ја доби битката за Хрватот!

Јувентус се откажа, Милан ја доби битката за Хрватот!

Договорот практично е на чекор, Милан пред големо засилување! Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан го договорил Мирко Пјаца. Имено, Галијани престојува во Загреб, каде лесно се договорил со фудбалерот, а сега се чини дека е билису до договор и со клубот од Динамо Загреб.

Хравтскиот репрезентативец одби да се пресели во Наполи, за сега не е позната сумата која Милан ја понудил на Динамо Загреб за овој фудбалер, но таа најверојатно се вижи од 15 до 20 милиони евра. Во трка беше и Јувентус, но тие се откажаа, имаат други планови кога е везниот ред во прашање, а и не беа спремни да ја испратат истата понуда како Милан.

Пјаца моментално се наоѓа на одмор, но се очекува во наредните денови да се појави во Милан и да биде претставен. Тој ќе биде само првото во низата од засилување кои се очекува да пристигнат во Милан овој трансфер период.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com