HomeДЕНЕШНАСкопјеЈубилејна #50 Критична маса: Да комбинираме зелен превоз

Јубилејна #50 Критична маса: Да комбинираме зелен превоз

На Точак утре организира јубилејна 50-та критична маса. Фокусот овој пат е комбинираниот превоз, а целта ќе биде да побараат поинаков пристап во транспортните политики. Тие ќе тргнат од Транспортен центар во 19 часот, а ќе завршат кај Кале.

„Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“. Совршени партнери“, велат од На Точак.

Според нив, комбинирањето на превозот е и во полза на јавниот превоз, животната средина и на туризмот, како што е на пример со интермодалноста. Тие очекуваат оваа идеја да наиде на широка поддршка од сите институции и пошироката јавност.

„Во битката за одржливи градови и зелени транспортни системи,интермодалноста ги истакнува предностите на сите начини на превоз, овозможува комбинации и ги прави употребливи различните начини на превоз ЗАЕДНО, во ситуации кога самостојно не се“, посочуваат од На Точак.

Тие ги покануваат граѓаните на критичната маса и да дадат поддршка на идејата за комбиниран јавен + велосипедски превоз.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com