HomeДЕНЕШНАРегионЈилдирим едногласно избран за нов премиер на Турција

Јилдирим едногласно избран за нов премиер на Турција

Турскиот министер за сообраќај Бинали Јилдирим (60) денеска едногласно е избран за нов лидер на владејачката партија на Правдата и развојот и со самото тоа стана нов премиер на Турција. Јилдирим, кој заедно со Ердоган беше еден од основачите на Партијата на правдата и развојот, на вонредниот партиски конгрес, ја доби поддршката на сите 1.405 делегати. Тој беше единствен кандидат на конгресот што е свикан откако во почетокот на овој месец Ахмет
Давутоглу соопшти дека ќе се повлече од функцијата поради се поголемите поделби меѓу него и Ердоган.

Претходно, во обраќањето на конгресот, Јилдирим рече дека Турција има потреба од нов устав и најважна мисија на Владата е да го измени законот и да воведе претседателски систем. Тој вети дека ќе ја продолжи борбата против „Исламска држава” и курдските бунтовници во земјата и во Сирија, изјавувајќи дека промената во раководството на Владата нема да ги промени напорите против терористичките групи.

Тој исто така додаде дека ЕУ треба да ја прекине „конфузијата” околу својата политика кон мигрантите, и оти Турција треба да знае што мисли Унијата за тоа. Тој на конгресот на владејачката АКП рече и дека Турција ќе продолжи да ги регулира мерките заради подобрување на состојбата со човековите права и демократијата, без оглед дали да дојде
или не до нејзино членство во ЕУ. Негова главна задача, според аналитичарите, ќе биде да издејствува измени на Уставот за да Турција се трансформира од парламентарен во претседателски систем, со што Ердоган би добил поголеми овластувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com