HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈа одби Барселона, сака во Сити!

Ја одби Барселона, сака во Сити!

Дефанзивецот кој го посакуваат најголемите европски клубови кариерата сака да ја продолжи во Манчестер Сити. Дефанзивецот на Евертон Џон Стоунс наводно има понуда од Барселона, но тој е подготвен да ја одбие оваа понуда и да чека повик од Пеп Гвардиола. Како што пренесуваат каталонските медиуми, главните луѓе на Барселона одржале состанок со агентот на фудбалерот и му понудиле плата од 5.5 милиони евра плус бонуси, но Стоунс ја одбил понудата.

Според овие шпекулации, за него заинтересирани се уште и Челси, Сити и Јунајтед, па токму поради тоа младиот дефанзивец сака да почека повик од Гвардиола и да биде дел од неговиот проект во Сити. Евертон исклучително го цени својот дефанзивец и за него бара минимум 60 милиони фунти, што ќе биде нов рекорд кога се во прашање трансферите на одбрамбени фудбалери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com