HomeДЕНЕШНАСветЅид од 4 метри ќе никне меѓу Британија и Франција

Ѕид од 4 метри ќе никне меѓу Британија и Франција

Британија планира да изгради голем ѕид во близина на границата со Франција и така да го спречи преминувањето на мигрантите од таа земја. Ѕидот би бил направен во близина на француското пристаниште Кале, кај каналот Ла Манш, а оваа километарска бариера ќе чини околу 2 милиони фунти. Изградбата ќе започне наскоро, соопштиле британските министри, а ѕидот ќе биде висок околу 4 метри.
francija-kale
Пред Британците да одлучат да ја напуштат ЕУ, дошло до бран упади – во главно од кампот Џунгла, во близина на Кале, каде се сместени 10.000 мигранти. Кејт Гибс од здружението “Road Haulage” смета дека ѕидот би бил “скандалозно губење на пари” и дека само би ги одложил проблемите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com