HomeДЕНЕШНАСветЃулен се поблиску до екстрадиција, Турција со официјално барање

Ѓулен се поблиску до екстрадиција, Турција со официјално барање

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кој е осомничен од турските власти за воениот пуч е побарано да биде екстрадирен од турското министерство за правда. Се врши голем притисок врз американските политичари, а институциите ќе мора да го разгледаат барањето и да одлучат дали Ѓулен ќе биде испорачан во Турција за пучот во кој настрадаа 270 лица.

Ѓулен со години се наоѓа во Пенсилванија каде има право да проповеда и има отворено десетина исламски центри и училишта и се верува дека добива поддршка од ЦИА. Сепак, Турција се заканува дека ќе ги прекине врските со сојузниците и дава своевиден ултиматум до властите во САД.

Проповедникот Ѓулен тврди дека нема никаква вина за пучот и не верува во фер судење ако биде екстрадиран во Турција. По пучот во Турција беа приведени десетина илјади лица од армијата, безбедносните служби, државните тела, медиумите, судовите и образовните институции за кои се верува дека се поврзани со Ѓулен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com