HomeДЕНЕШНАПолитика„Ѓуленисти“ од Македонија ставени на тапет – Почнува ли ловот?

„Ѓуленисти“ од Македонија ставени на тапет – Почнува ли ловот?

Откако турски организации одржаа митинг за поддршка на Ердоган во Скопје и државната агенција Анадолија ги објави фирмите кои соработуваат со организација „ФЕТО“ веќе извесно е дека ќе има обид за пресметка со „Ѓуленистите“ и во Македонија. По неуспешниот воен удар Ердоган прави огромна чистка на неистомисленици, а неговите поддржувачи ветија целосна пресметка со предавниците.

fto

Агенцијата Анадолија објави дека во Македонија има седум компании од областа на образованието, туризмот, трговијата, транспортот и здравството кои се поврзани со ФЕТО на различни начини и дека воспоставиле систем на финансирање, собирање донации и оплодување на капиталот.
Тука се вброени училиштата „Јахја Ќемал“, весникот „Заман Македонија“, рганизацијата „Седеф“ која организира курсеви ои турски јазик. Меѓу фирмите на црната листа се туристичката агенција „Башак“, компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, кои се наоѓаат во Скопје. Од организацијата на Јахја Ќемал демантираат поврзаност со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кој е главен политички противник на Ердоган иако е азилант во Америка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com