HomeДЕНЕШНАРегионШтрајк на грчката железница – повторно блокада против приватизацијата

Штрајк на грчката железница – повторно блокада против приватизацијата

Возовите во цела Грција денеска не функционираат, поради 24-часовниот национален штрајк на вработените во државната железница, јави МИА.

Поради штрајкот нема ниту меѓуградски железнички сообраќај, а не функционира ни метро линијата до меѓународниот аеродром во Атина. Останатиот дел од метро мрежата работи нормално.

Синдикатот на вработените во железницата го организира штрајкот во знак на протест против планот за приватизација, по понудата доставена од страна на италијанската железница „Трениталиа“ за купување на „Траиносе“, како и поради непотпишувањето нов колективен договор.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com