HomeДЕНЕШНАПолитикаШтрајкот на судската администрација зависи од политичката состојба – УПОЗ најави голем број тужби

Штрајкот на судската администрација зависи од политичката состојба – УПОЗ најави голем број тужби

Штрајкот на судската администрација останува во мирување, но правната битка продолжува во институциите – соопшти денеска претседателот на УПОЗ, пеце Грујоски. Синдикатот соопшти дека штрајкот не е завршен, а кога ќе се активира повторно зависи од исходот на политичките преговори. Тие велат дека ја чекаат одлуката на лидерите бидејќи во услови на техничка Влада нема со кого да преговараат.

Судската администрација упати жестоки критики на сметка на министерството за правда кое потпиша спогодбаза решавање на нивниот проблем, но цело лето не е остварена средба.

Упоз тврди дека платите на штрајкувачите се скратени противзаконски и селективно врз основа на одлука на претседателот на судскиот совет, а не врз основа на поединечни решенија за кои е предвидено и правото на жалба. Од синдикатот велат дека платите на штрајкувачите блиски до власта не се скратени. Најавија кривични пријави против претседателот на судскиот совет, Караџоски и против претседателите на апелациските и основните судови. Дополнително, ќе ја продолжат битката во Старзбур ако правдата не биде задоволена во македонските судови. Упоз ќе ја тужи државата и пред Меѓународната оргназација на трудот за повреда на работничките права. Додека пак, штрајкувачите ќе поднесат поединечни тужби против претседателот на судот кој ја извршил наредбата за кратење плати. Од синдикатот велат дека не е спорен членот според кој се кратат платите, туку спорен е начинот на којшто платите беа скратени.

И народниот правобранител им укажал на претседателите на судовите дека го прекршиле законот. Првиот човек на синдикатот ги поздрави претседателите на два суда кои одбиле да ги спроведат противзаконските кратења на плати. По вчерашната вест дека судиите во земјава се најкорумпирани, Пеце Грујоски со доза иронија го постави прашањето дали ќе се решеше нивниот проблем доколку ги подмитеа судиите со 100.000 евра колку што чини штетата предизвикана со штрајкот.

Синдикатот доделил еднократна помош на административците кои останаа без 40 % од своите плати. Штрајкот беше ставен во мирување на 15-ти јули поради годишните одмори, а почна на 18-ти мај по што следеа и протести пред министерството за правда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com