HomeДЕНЕШНАЕкономијаШто е клучно за да одберете квалитететна и цврста градба

Што е клучно за да одберете квалитететна и цврста градба

Земјотресот со магнитуда 5.3 по Рихтерова скала отвори низа прашања во Македонија, пред се насочени кон квалитетот на градбата. Се отворија многу теми и дилеми, но факт е дека малкумина знаат навистина што е добра градба.

Отпорноста на објектите пред се зависи од начинот на изградба. Колку е поголема тежината на објектите, толку е поголема потенцијалната штета. Институтот за земјотресно инженерство и сеизмика (ИЗИИС) ја гарантира и контролира изградбата на асеизмички објекти и дава гаранција дека објектот нема да падне при земјотрес со сила која е предвидена за овој регион. Меѓутоа, ова не значи дека објектот нема да претрпи оштетувања или да доведе до несакани повреди и жртви. Асеизмичноста на објектите предвидува флексибилност на т.н. скелетен систем на зградите при потреси по било која оска или ротација.

Од друга страна, традиционалниот начин на градба не ја овозможува потребната флексибилност, што ги прави опасни. Традиционалната и широко употребувана ѕидарија го вкрутува просторот помеѓу носечките елементи на објектите (плоча, греда, столб). При потрес, наместо флексибилно да ги амортизираат движењата, тие трпат огромни напори што резултира со напукнувања во блоковите, малтерот и во самите столбови. Често овие напукнувања се појавуваат во формата „Х“, а отпаднатите парчиња од масивниот блок можат да предизвикаат сериозни повреди.

Ова може да се избегне со користење на сувомонтажни ѕидови. Тие се познати како Кнауф ѕидови и се базираат на флексибилни челични профили кои овозможуваат потполно функционирање на скелетната структура на објектите и амортизација на енергијата од потресот. Предноста на овие ѕидови е нивната можност за деформација без рушење, што е оневозможена кај традиционалниот начин на градба. При критичен потрес, кај ѕидаријата би имало отпаднати делови кои би биле опасни по животот, додека кај сувомонтажните оштетувањата би биле само површински, чија санација би била мошне едноставна.
Главната предност на асеизмичноста на овие ѕидови е во тежината. Доколку директно направиме споредба помеѓу традиционалните ѕидани конструкции и сувомонтажните Кнауф ѕидови, разликата е многу значителна. Ѕидаријата има просечна тежина од 190кг/м2, а стандардниот сувомонтажен ѕид тежи само 45кг/м2.

Конечно, со користењето на сувомонтажните ѕидови, вкупната тежина на објектите се намалува за околу 25%, што исто така значи и зголемување на издржливоста при сеизмички активности за неверојатни 15%. Тие 15% некогаш значат разлика помеѓу помали или поголеми оштетувања, а некогаш разлика помеѓу материјална или човечка загуба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com