HomeАНТИСТРЕСХороскопШто ви носи хороскопот на средина на неделата

Што ви носи хороскопот на средина на неделата

Дневната доза хороскоп на многумина им е доста важна, особено ако е средина на неделата па ви требаат насоки што ве очекува и што досега сте одлучиле, па затоа ви обезбедуваме нови детали од астролозите.

Овен (21.03 – 20.04)

Сакате многу да постигнете за кратко време на работното место. Упорни сте со некоја личност која ви значи веќе од поодамна. Еден Бик е идеален партнер за вас и нема да бидете во дефицит со емоции. Водете поздрав живот.

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку гледате дека сте заморени, не претерувајте со понатамошната работа туку направете одредена доза на оддишка во наредниот период. Сакате да поминувате повеќе време во друштво на личност за која вашиот пријател многу ви зборуваше. Спојот е неминовен.

Близнаци (22.05 – 22.06)

До сега направивте исклучително доволно свои активности и не сакате тоа да остане на тоа ниво, бидејќи сте склони да бидете во ранг на најуспешните. На партнерот му допуштивте малку повеќе слобода. Внимавајте што се крие зад тоа.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете поштедени од многу активности на работното место, бидејќи некој увиде дека вредите многу повеќе. Обидете се да останете во пасивен став кон партнерот и не се предавајте пред лошите коментари бидејќи во вашиот случај се безначајни

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате исклучтелно напорен работен ден. Нема да се грижите за препреките туку својот ентузијазам ќе им го пренесете и на останатите членови. Доколку сте во долгогодишна врска очекувајте солидни аспекти кои ви даваат посилно чувство на припадност.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе имате многу работа, но време е отворено да се поставите пред новите предизвици. Доста сте бесни на партнерот поради неговото однесување кое вам не ви годи. Здравје – добро.

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувајте работен триумф во организацијата каде што работите. Сакате доминантно да се поставувате бидејќи сте некој кој може многу повеќе да постигне со својата харизма. Очекувате принц на бел коњ но тоа не е трајно решение. Бидете приземни во своите желби овој пат. Можни се болки во нозете.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Преитро донесувате одлуки и не сакате да се чувствувате лошо поради нечии изјави. Чувствувате дека партнерот ве изневерил, Имате чувство на бес и сакате многу да постигнете за кратко време и посакувате да ви се случи нешто ново.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не се откажувајте од борбата за подобар пласман. Сакате предизвици и тие ве водат во нови победи. Премногу сте се исплашиле од одбивања, па не ни смеете да и пријдете на одредена личност. Почнете со спорт на вода.

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу слободно им приоѓате на работните обврски, бидејќи сметате дека сте експерт во своето работење. Доколку ви се допаѓа една личност од вашата блиска околина, може да се надевате на отворено додворување без предрасуди.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сте некој кој бара работа по струката, денес може да очекувате одлична понуда. Ви следи важно познанство со еден Лав. Не сакате да се присетувате на драматичните искуства кога се во прашање машко­женските односи. Се уште не сте спремни да направите доволно добра основа за своите емоции.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате прилика сами да го одбирате патот по кој ќе одите. Уште се чувствувате безнадежно на љубовен план, мора да бидете појасни во комуникацијата со личност од спротивниот пол. Ништо нема да се случи преку ноќ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com