HomeАНТИСТРЕСШтосноШто ве очекува овој викенд според хороскопот?

Што ве очекува овој викенд според хороскопот?

ОВЕН
Изминатата недела беше забрзана и полна со обврски. Тоа не ви пречеше, но сепак имате потреба да се одморите и да се посветите на работите кои ги имате оставено на страна. Викендов ќе биде исполнет со дружење и со многу изненадувања. Ако сте сами, секогаш сте подготвени за нова авантура. Но, колку брзо се вљубувате, уште побрзо се одљубувате. За ваша среќа, секогаш сте опкружени со спротивниот пол и никогаш не ви е здодевно. Овие денови ќе почнете да ги преиспитувате одлуките што ги имате донесено во врска со емотивниот живот.

БИК
Ако имате сопствен бизнис, деновиве ќе ги преиспитувате работите што сте направиле и ќе ги редефинирате одлуките. Во овој сегмент, вие сте си најголем непријател. Брзо размислувате, но бавно делувате. Загрижени сте заради долговите и кредитите и тоа ве тера да се повлекувате наместо да преземете акција да ги санирате штетите. Емотивните врски ви се под знак на прашање. Партнерот се однесува незаинтересирано иако очекувате да бидете во центар на вниманието. Воопшто не помислувате дека тоа е реакција на некоја ваша акција.

БЛИЗНАЦИ
Работите ви се одвиваат брзо и чувствувате блага нервоза. Наместо да одморате вие ќе преземете некои обврски кои ќе ви го исполнат времето во текот на викендот. Финансиските приливи ви се редовни и парите ви доаѓаат од повеќе извори. Искористете го тој момент и сочувајте некоја сума која ќе ви влее сигурност. Ако сте слободни, деновиве може да влетате во некоја врска која ќе ви разбуди емоции, но нема да добиете ништо повеќе од блиц авантура. Можни се главоболки.

РАК
Дел од раковите викендот ќе го искористат за хонорарна работа. Тоа ќе им овозможи да ја подобрат финансиската ситуација во текот на следниот период. Доколку планирате да патувате подгответе се за изненадувања. Ако сте слободни, можна е интересна средба со личност родена во воздушен знак. Можеби нема да ви се допадне нејзиното непредвидливо однесување, но ќе морате да се приспособите доколку сакате да ја задржите во ваша близина. Можна е анемија.

ЛАВ
Ако се обидувате да реализирате важен договор, оставете го на страна и чекајте да се склопат сите коцки. Се однесувате нервозно и сакате се и веднаш. Тоа може само да и штети на вашата репутација, но и на вашите нерви. Деновиве ќе сретнете некои занимливи личности кои ќе го окупираат вашето внимание. Можно е започнување на ново пријателство кое ќе биде кратко, но незаборавно. Тоа нема да ве обесхрабри, туку ќе бидете горди поради фактот дека повторно се враќате во игра.

ДЕВИЦА
Полни сте со енергија, но нешто ви недостасува. Резултатите од работата не ве задоволуваат и тоа ве тера повторно да го анализирате претходниот период. Доколку се занимавате со занаетчиски работи, викендов ќе биде работен и нема да имате време да здивнете. Истото се однесува и на учениците и студентите. Ако сте сами, можно е да донесете одлука да му се вратите на бившиот партнер. Тоа ќе биде повеќе од практични отколку од емотивни причини.

ВАГА
Случувањата околу работата ќе ве окупираат и за време на викендот. Во изминатиот период повеќе пати се наоѓавте на крстосница и не знаевте кој пат да го фатите и каде да се скриете од секојдневните проблеми. Наредниот период, исто така, ќе биде турбулентен и затоа морате да соберете енергија и да се подготвите за она што ве очекува. Ако сте слободни, викендов нема да имате желба за акција. Личноста што ви се допаѓа се однесува незаинтересирано, а вие немате енергија за дополнителни убедувања.

СКОРПИЈА
Работите околу вас постојано се одлагаат и се она за што сте заинтересирани се пролонгира. Овие блокади ве заморуваат и не ви дозволуваат да се опуштите. Викендов е можна средба со една личност која ќе ви ја понуди својата помош. Доколку сте во врска или во брак, моментално се чувствувате незадоволни и немате волја за надминување на моменталната ситуација. Партнерот на некој начин ќе ви понуди решение за вашите дилеми, но за вас сето тоа е веќе видено и нема да прифатите.

СТРЕЛЕЦ
Оптоварени сте со небитни работи, а она што ви е важно и што може да ви донесе подобри финансии, никако не можете да го свртите во своја корист. Викендов одморете и направете некои важни контакти за да бидете подготвени за следниот период. Ако сте во врска, имате чувство дека се оддалечувате од партнерот. Помеѓу вас не постои емотивна поврзаност и ги одбегнувате заедничките теми. Викендов е можен краток пат кој делумно ќе ви помогне повторно да се зближите.

ЈАРЕЦ
Ако имате сопствен бизнис, некои работи се одвиваат стихијно и немате можност да ги контролирате. Викендов ќе направите контакти за кои сметате дека ќе ви ја вратат контролата врз работите. Можна е средба со една повозрасна личност која ќе ви вети помош. Не се потпирајте само на ветувањето туку побарајте поцврста гаранција. Ако сте слободни, веќе подолго време комуницирате со една личност која се повеќе ве охрабрува. Викендов е можна средба и почеток на интересно дружење.

ВОДОЛИЈА
Коцките почнуваат да ви се сложуваат и почнувате да доаѓате до целта. Доколку соработувате со странство и со странци ќе остварите контакт што ќе ви отвори нови перспективи. Не брзајте и не се трудете да остварите се што сте планирале одеднаш. Понекогаш е подобро да почекате и да видите што ќе биде следно. Ако сте слободни, може да бидете изненадени од тоа што ќе го почувствувате при средбата со една личност. Ќе се однесувате како од секогаш да се познавате и како да има некој кармички спој помеѓу вас.

РИБИ
Работата ви оди добро и секојдневно се појавуваат нови шанси за напредување и за зголемување на заработувачката. Но, сето ова не ве задоволува затоа што од внатре се чувствувате празно и имате потреба од љубов. Ако сте во брак, партнерските односи ви се дистанцирани и делувате како паралелни светови. Слободните риби викендов ќе остварат некои контакти кои нема потполно да ги задоволат. Тие имаат своја претстава за љубовта и она што ќе го добијат нема да одговара на нивните потреби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com