HomeДЕНЕШНАСветШпанија: Воз излетал од шините, четири жртви

Шпанија: Воз излетал од шините, четири жртви

Најмалку четири лица починале кога воз излетал од шините на север од Шпанија, соопштиле претставниците на локалните служби за вонредни состојби. Покрај тоа биле повредени 47 лица. Несреќата се случила во Галиција, 450 километри северо-западно од Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во возот биле околу 60 луѓе, итните служби веднаш пристигнале на местот на настанот. Медиумите пренесуваат дека возот имал три вагона, првиот потполно излетал од шините и ударил во ограда, а другите два делимично останале на шините.

Истрагата за оваа несреќа била веднаш започната. Пред три години во Шпанија се случила најтешката железничка несреќа во која починале 79 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com