HomeДЕНЕШНАСветШкотска сака да остане во ЕУ, ќе се отцепи од Велика Британија

Шкотска сака да остане во ЕУ, ќе се отцепи од Велика Британија

Шкотската национална партија (СНП) ќе бара одржување нов референдум за независност на Шкотска, порача Никола Старџен, актуелната лидерка на СНП и прва министерка на Шкотска.

Шкотскиот народ веќе имаше голем референдум за независност кој помина негативно, но Брегзитот повторно ги разбуди националните партии кои најавуваат нова можност за отцепување од Велика Британија, особено сега кога повеќе не сака да биде дел од ЕУ.

Шкотска гласаше со дури 62% од гласовите за останување во ЕУ и сега Старџен смета дека земјата против својата волја е „извадена“ од европското семејство, па токму затоа шкотскиот парламент има целосен легитимет да распише нов референдум и да бара членство во Брисел.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com