HomeДЕНЕШНАСветШкотската прва министерка во мисија за останување во ЕУ

Шкотската прва министерка во мисија за останување во ЕУ

Шкотската прва министерка Никола Старџон ќе оствари повеќе средби со лидерите на европските институции. Најпрво ќе се сретне со Жан Клод Јункер, претседателот на Европската Комисија, потоа со Даниел Шулц претседателот на Европскиот парламент, како и со други политичари. Шкотска веднаш по Брегзит порача дека ќе побара втор референдум за независност од Велика Британија за да остане во рамките на ЕУ. Народот во Шкотска со речиси 60% од гласовите на Брегзит порачаа дека сакаат да останат во ЕУ и најавуваат дека нивниот парламент може да стави вето на одлуката на Лондон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com