HomeДЕНЕШНАСветШефот на кампањата на Трамп поднесе оставка

Шефот на кампањата на Трамп поднесе оставка

Пол Менафор, претседателот на кампањата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, поднесе оставка. Потегот доаѓа во време кога излегоа извештаи дека тој добил милиони долари од поранешните украински власти.

Трамп преку соопштение изјави дека Менафор е вистински професионалец и дека има само најпофални зборови за него – пренесува Радио Слободна Европа.
tramp direktor kampanja
Претходно беа објавени извадоци од тајните сметководствени книги на партијата на поранешниот претседател Виктор Јанукович во кои се документирани над 12,7 милиони долари „исплати под маса“ за Пол Манафор.

Податоците што ги објави Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) покажуваат дека Манафорт добивал пари за „услуги“, „испитувања на јавното миселење“, „персонални компјутери“ и за „социологија“. Рачно пишуваните белешки се за пет години, од 20 ноември 2007 до 5 октомври 2012, кога Манафорт работеше за владејачката украинска Партија на регионите на Јанукович. По соборувањето од власт во 2014 година, тој побегна во Русија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com