HomeДЕНЕШНАСветШефови од пеколот: Француска компанија обвинета за 19 самоубиства на нејзини вработени

Шефови од пеколот: Француска компанија обвинета за 19 самоубиства на нејзини вработени

Француска компанија „Франс Телеком“, која од 2013 година е преименувана во „Оранж“, е обвинета за 19 самоубиства на нејзини вработени во периодот од 2008 до 2009 година.

Долгогодишната истрага за мистериозните самоубиства на вработени во „Франс Телеком“ сега е завршена, а париското Обвинителство покрена обвиненија против поранешниот генерален директор и група менаџери од компанијата за „тирански однос“ кон нивните вработени.

До бранот самоубиства и мистеризни смртни случаи дошло откако компанијата најави драстично намалување на работните места. Во 2006 година компанијата соопшти дека како резултат на извршената приватизација се укинуваат 22.000 работни места, додека други 14.000 вработен ќе бидат преместени на други позиции.

Според судски извори, на кои се повикуваат француските медиуми, тогашниот прв човек на компанијата Дидие Ломбар и неколкумина други раководителки се обвинети затоа што „користеле политика на вознемирување на персоналот“ за да се забрза нивното заминување од фирмата.

Судот сега треба да утврди дали има основа обвинетите да се изведат на судење за нанесување „морални повреди“ на луѓето. Доколку дојде до судски процес, тоа ќе биде прв случај во Франција да и се суди на една компанија и на нејзните раководни луѓе за вакво дело.

Не е јасно колкумина од вработените во некогашната „Франс Телеком’ извршиле самоубиство, но се верува дека станува збор за околу 60 лица. Тие си го одзеле животот во период од три години. Синдикатите тврдат дека ваква судбина имале 35 вработени во само две години, додека официјално имало 19 самоубиства, осум обид за одземање на животот и уште десетина други случаи на тешка депресија.

Според француските закони, за вакво кривично дело е предвидена казна затвор од една година и парична казна од 15.000 евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com