HomeДЕНЕШНАСветШестмина загинати при пад на руски воен автобус во клисура

Шестмина загинати при пад на руски воен автобус во клисура

Руски воен автобус падна во длабока клисура во Јужна Осетија, при што шест војници  загинале и 16 се повредени, изјави руското Министерство за одбрана.

Автобусот денеска патувал на планински пат во отцепената грузиска република Јужна Осетија и паднал во клисура длабока 40 метри. Војниците патувале до нивното работно место кога се случила несреќата, информира Министерството.

Москва испратила авион со воени медицински лица во Јужна Осетија за да обезбеди третман за повредените, а четворици сериозно повредени војници биле испратени во болница во Москва.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com