HomeДЕНЕШНАСветШериф Исмаил: Причината за уривањето на египетскиот авион може да биде и терористички напад

Шериф Исмаил: Причината за уривањето на египетскиот авион може да биде и терористички напад

Авионот со 66 патници и членови на екипажот, кој ноќеска исчезна од радарите над Медитеранот се урнал, потврди Францускиот претседател Франсоа Оланд. Египетскиот премиер Шериф Исмаил изјави дека потрагата по авионот е во тек и не е исклучена ниту една причина за уривањето на авионот, па дури ни терористички напад.

-Во тек е операција во потрага по авионот во областите во кои се верува дека е изгубен контактот.

На прашањето дали е можно да се работи за терористички напад, Исмаил вели дека се уште не може да се исклучи ни да се потврди ништо.

-Потрагата мора да се заврши за да се открие причината, изјави Египетскиот премиер во Каиро, пренесува Ројтерс.

Франс прес пренесува неименувани извори од грчки аеродром кои тврдат дека авионот се урнал кај грчкиот остров Карпатос.

Египетската авиокомпанија наведува дека авионот кој летал на линијата Париз-Каиро, исчезнал 16 километри откако навлегол во египетскиот простор рано утрово во 02: 45 по локално време, пренесува Франс прес.

Директорот на грчката цивилна авијација изјавил дека авионот исчезнал од радарите две минути откако го напуштил грчкиот воздушен простор.

Потрагата по остатоците од авионот на островот Карпатос е во тек, но досега ништо не е најдено.

Меѓу патниците во авионот имало 30 египетски, 15 француски, двајца ирачки државјани и по еден државјанин на Велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија, Алжир и Канада. Медиумите јавуваат дека неофицијално меѓу патниците имало и три деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com