HomeДЕНЕШНАЕкономијаШелтер Центар со информативни сесии за поддршка за жените Ромки на пазарот на труд

Шелтер Центар со информативни сесии за поддршка за жените Ромки на пазарот на труд

Македонски центар за женски права Шелтер центар организира информативни сесии за создавање еднакви можности на маргинализираните жени на пазарот на труд преку проектот „Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“.

Целта на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на маргинализиралните жени, со посебен фокус на жените Ромки, но и на жените припаднички на другите етнички заедници и создавање на еднакви можности за сите нив за пристап на пазарот на труд. Проектот има за цел и надминување на стеротипите поврзани со традиција, култура и род, а кои го оневозможуваат учеството на жените на пазарот на труд и во кои што ќе бидат вклучени и нивните сопрузи или партнери. Во рамки на проектот ќе учествуваат 60 жени и тоа по 20 од градовите Скопје, Битола и Куманово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com