HomeДЕНЕШНАРегионШеикот Мохамед од Дубаи го почестил персоналот на хотел во Црна Гора со 36.000 евра

Шеикот Мохамед од Дубаи го почестил персоналот на хотел во Црна Гора со 36.000 евра

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој престојува во хотелот „Реџент“ во Тиват, Црна Гора, персоналот на хотелот го почестил со 36.000 евра, објави порталот ПинкМ.

Шеикот во текот на дводневниот престој во хотелот „Реџент“ кој се наоѓа во марината Порто Монтенегро, порачал околу 20 шишиња од најскапото шампањско.

Тој во Тиват се состанал и со премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој порача дека желбата на црногорската влада е да привлече што е можно повеќе инвестиции од Обединетите Арапски Емирати, особено од приватниот сектор и бизнисмени. Други податоци за посетата на шеикот не се објавени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com