HomeДЕНЕШНАСветШведска: Фрлена бомба во стан, почина момче

Шведска: Фрлена бомба во стан, почина момче

Починало осумгодишно момче кога за сега непознати напаѓачо фрлиле бомба во стан на трети спрат во Гетеборг, во југозападна Шведска, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во понеделникот во раните утрински часови, а во тој момент во станот имало најмалку пет деца и неколку возрасни лица. Портпаролот на локалната полиција соопштил дека момчето било во посета на некои свои роднини. Во прашање е Јусуф Ворсејм од Британија, кој починал на патот кон болницата.

Шведските медиуми пренесуваат дека овој напад би можел да биде поврзан со конфликтот на ривалските групи бидејќи еден маж, кој бил осуден за убиство во таа област минатата година, бил регистриран на таа адреса. Минатата година, четиригодишно девојче почина од експлозија во автомобил, а тој напад беше поврзан со конфликт меѓу ривалски групи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com